КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski" All Rights reserved · E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com

Идејата да се симни телото на Димитар Илиевски од “Мт.Еверест“ датира од крајот на мај 1989 година.Две три недели по искачувањето на Диме на Еверест и по неговото исчезнување,во Катманду од страна на австриски алпинист Кurt Stuwe при неговиот обид за искачување на Еверест изјави дека го видел телото на Диме на висина од 8200метри.Ако се тргне по кажувањето на Австрискиот алпинист кој тврдеше дека го виде телото на Илиевски, може да се предпостави дека тој го поминал најтешкиот дел од теренот и му останало уште само половина час одење до висинскот логор.Според него телото е само како навалено, дека на главата се уште имало маска, па дури и капата била таму.Се појавиа повеќе предпоставки а и во книгите за Еверест е заведен како пад но према тоа дека капата и маската за кислород беа уште на него не може да станува збор за пад поради тоа што при пад од таа висина опремата и облеката ке бидат уништени.
Во тој момент во 1989год. беше невозможно да се изведи таква акција,кога сите беа на крајот со силите а исто така требаше и поголема техничка подготовка.
На крајот од април и почетокот на мај 1996година излегоа написи во кои се зборуваше за Непалска , експедиција на Мт.Еверест “Everest spring-clean“ чистење на највисоката планина на светот. Водачот на експедицијата Sonam Gyaljeen Sherpa изјави дека се планира да се собери 1500кг.ѓубре (боци со кислород,конзерви,шатори) и исто така тела на загинати алпинисти кои треба да се спуштат и кремират.Тоа значеше дека телото на Диме можи да биди најдено и спалено, а тоа значеше неповратно губење на последната шанса да се врати урната во Македонија.Тогаш беа направени контакти со Алпинистичката асоцијација на Непал (AAN) за да се спречи евентуално спалување на телото на Диме.Се размислуваше за вклучување на Македонски алпинисти во екпедицијата да се најде телото и урната да се донесе во Битола и да се постави во музеј соба направена за овој македонски великан.Во Јуни 1997год.се направија првите прелиминарни договори со “AAN“ за заедничка експедиција планирана за пролета 1998година. Се формира “МАХЕ Димитар Илиевски-Мурато” (Македонска алпинистичка хималајска екпедиција).Есента 1997год.беа повикани алпинисти од пет алпинистички секции од земјава.На почетокот на подготовките во предвид беа земени: Слободан Трпевски, Серафим Серафимовски, Благоја Лазаревски, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски, Синиша Најдовски, Владо Боцевски, Бранко Ристевски, Костатин Циривири, Александар Донев, Дарко Спировски, Михајло Мотевски, Владимир Андреевски,Надир Мурсели,и водачот Јован Попоски.Завршната екипа требаше да брои осум алпинисти некои од нив се откажаа од почетокот а пред заминувањето за Непал во екпипата останаа: Јован Попоски,Слободан Трпевски,Слободан Јовановски,Костатин Циривири, Александар Донев,Надир Мурсели, Михајло Мотевски.
Во следните месеци следуваа интезивни подготовки на “Монт Блан“ и се појавија првите спонзори, се одржуваа разговори со љуѓето од владата поради тешкотите да се обезбедат финансиски средства Македонскиот Олимписки Комитет исто така застана зад проектот но и понатаму имаше тешкотии за обезбедување на финансиски средства.Експедицијата не се реализира заради настанати административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Но идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, иако во овие услови на економската реалност во нашата земја тоа е тешко остварливо.
Во 1996 година во весникот “VanityFair“ беше објавена слика од тело на алпинист а истата слика ја забележа во Канада член на МАХЕ Слободан Јовановски и на истата слика не беше тешко да се идентификува телото на Диме со опремата која ја носеше на последниот јуриш.
Во 1989 год. од страна на Американски алпинисти кој се искачуваа истата година објавија дека го видоа телото на Македонскиот алпинист, а тоа ја вознемири Македонската јавност, исто така и шерпасот Sonam Dhandu изјави дека го виде телото и во разговор со него покажа на картата на различно место повисоко од местото кој на 19 мај 1989 год.го покажа австриецот Kurt Stuwe а и од сликата која му беше прикажана изјави дека не е тоа телото што тој го видел.
Сликата што беше објавена во списанието “VanityFair“ е автентична и телото на Диме е препознаено од повеќе луѓе меѓу кои и оние кои најдобро го знаеа.
Сега се предпоставува дека телото се наоѓа на 8200 метри.
СИМНУВАЊЕ НА ТЕЛОТО
Флаер за екпедицијата Димитар Илиевски-Мурато
Мапа на искачувањето