КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski" All Rights reserved · E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com
ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА
На 3.3.2008година во кристалната сала на Собранието на Република Македонија Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски му додедели високи одликувања "Медал за заслуги за Македонија" на Димитар Илиевски постхумно и на вториот освојувач на "Еверест" Глигор Делев.
Претседателот Бранко Црвенковски му го предаде медалот на синот на Димитар, Јонче
и на Глигор Делев и во својот воведен говор истакна дека и двајцата алпинисти во себе ја носат огромната моќ на себедокажување, како и силната патриотска желба да учествуваат во мисија со која гордо ќе ја представуваат нацијата. Од таму и доаѓа и симболиката на истакнување на националното знаме на врвовите, како доказ за посветеноста кон државата од која доаѓаат.
СПОМЕНИК ВО НЕПАЛ
Во Непал на Кумбу глечерот под Монт Еверест, беше подигнат споменик со меморијална плоча.
На истото место се наоѓаат и споменици, на повеќе загинати алпинисти.По локалните обичаи и верувања на ова место се спалуваат телата на загинатите алпинисти што ќе се најдат и спуштат долу. Пепелта или се става во споменикот на алпинистот или се растура по морената.Местото на спомениците, се наоѓа на 4850-4900 мнв, на морената (нанос од камења, песок и сл.) на Кумбу глечерот кој се формира од снеговите и мразевите на Еверест, Лотсе, Нуптсе, Пумори и неколку други пониски врвови. Споменикот беше подигнат со поддршка и спонзорство од Комитетот за МАХЕ, Македонскиот олимписки комитет и Македонската Алпинистичка асоцијација.
фото: Јован Попоски водич на екпедицијата "Еверест 89"