КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski" All Rights reserved · E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com
ВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
Поради големината на спортскиот подвиг "Македонскиот олимписки комитет" во 1998година го прогласи Димитар Илиевски за великан на "Македонскиот олимписки комитет".
Членувањето во "Клубот на великаните" на МОК претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја.
Строгите критериуми кои не се однесуваат само на резултатите во спортската кариера, досега ги имаат исполнето: Владимир Богоевски (1998), Атина Бојаџи (1998), Благое Видиниќ (2000), Стојна Вангеловска (2004), Благоја Георгиевски (1997), Ристо Дарлев (1998), Димитар Илиевски-постхумно (1998), Нада Ицева (1998), Бранимир Јовановски (2002), Трајан Јовковски (2000), Ванчо Каранфилов (2004), Лазар Лечиќ (2001), Славко Матовски (2005), Насе Насев (1997), Дарко Панчев (2005), Реџеп Реџеповски (2003), Аце Русевски (1999), Шабан Сејдиу (1999), Војче Синадиновски-постхумно (2002), Миле Спасовски (2001), Александар Тасевски (1998) и Зоран Шоров (2003).
СПОМЕНИК НА ПЛАНИНАРСКИ ДОМ КОПАНКИ
На десетиот јубилеен меморијален марш Димитар Илиевски - Мурато 1999 година во присуство на планинари од цела Македонија, членови на Македонската хималајска експедиција, тогашниот Министер за спорт и млади Ѓорѓи Боев, Сијљан Мицевски тогашен градоначалник на Битола во дворот на планинарскиот дом "Копанки" претседателот на "ПСД Пелистер" Златко Стерјов го откри монументалниот споменик со ликот на Диме кое е дело на охриѓанецот Живко Пејовски.
Исто така беа доделени сребрени и златни значки за доајените на Македонското планинарство, а на крајот од маршот во Битола пред куќата на Димитар Илиевски градоначалникот Сиљан Мицевски ја откри спомен плочата поставена на самата куќа каде што живееше Димитар Илиевски.
СПОМЕНИК НА ВРВОТ ПЕЛИСТЕР
После освојувањето на "Мт.Еверест" планинарите од Битола покренааа повеќе иницијативи за изградување на спомен обележја во чест на нивниот другар. Така на патот до планинарскиот дом "Големо езеро" е изградена посебна чешма а во домот кој го носи името на Диме е поставена спомен соба.Исто така на самиот врв на "Пелистер" кој сега го носи името "Димев" врв од страна на планинарите Вангел Јовановски-Гелчо и Никола Костовски -Чита е изградена пирамида со спомен плоча со ликот на Диме со текст со кој трајно се одбележува подвигот на Битолскиот планинар.