КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski" All Rights reserved · E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com

Секоја година почнувајќи од 1990год. кога се одржа првиот меморијален марш во чест на Димитар Илиевски и по иницијатива на планинарите и неговите другари истиот меморијален марш стана традиција која трае веќе 19 години.
Меморијалниот марш се одржува секоја година во месец мај од 7 до 10- ти во организација на Планинарското друштво "Пелистер" планинари од цела Македонија од
Србија, Хрватска, Бугарија и од други места се искачуваат на врвот на "Пелистер" од повеќе страни а на самиот врв на местото каде се наоѓа споменикот на Диме или "Димев" врв се чита пригоден говор и планинарите се запишуваат во спомен книгата.
Последниот ден од маршот е на местото на планинарскиот дом "Копанки" исто така пред споменикот на Мурато се чита говор и се доделуваат благодарници и признанија на луѓето кои имат дадено допринос за одржување на маршот и на луѓе кои имаат дадено допринос на полето за развој на планинарството,после ова маршот се прогласува за затворен.
МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ