КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski"  All Rights reserved  ·  E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com
 
 
Екпедицијата беше во следниот состав: Јован Попоски,водач,Димитар Илиевски,Ѓорѓи Костовски,Благојче Лазаревски,Борче Јовчевски и Слободан Јовановски.
Од Москва со авион продолживме за Ош.По повеќедневно патување со воз,камион и хеликоптер конечно стигнавме до базниот логор.Во логорот имаше алпинисти од повеќе земји.Патеките каде што одеа алпинистите беа одбележани исклучиво од Руската алпинистичка екипа.Во план беше искачување на највисокиот врв на Памир - Пик на комунизмот 7495м. и пик Четворохој по насоката на Бороткин.
Пред нас имавме тешка задача.Се работеше за престиж помеѓу држави и самодокажување.Како Македонска екипа моравме да се докажеме пред другите држави учеснички и на заедничкиот состанок се договоривме :
                                                                                Мора да успееме !

Подготвивме храна,опрема и заедно со Диме тргнавме да одиме до првиот висински логор.Времето беше добро за одење. Напредувавме пополека по каменит терен.Некаде на пладне,по повеќе часовно одење, стигнавме до првиот висински логор, поставен на 5300м. Седнавме да се одмориме.Каснавме нешто, се напивме чај и легнавме да се одмориме.
Следниот ден се разбудивме со првите сончеви зраци.Ги подготвивме ранците и продолживме кон вториот висински логор.Во еден момент Борче се лизна надолу и пропадна во длабок снег.Диме му помогна да излези од дупката. Мислевме дека се е во ред, но при падот Борче ја повреди ногата.Се работеше за истегнување на лигаментите на десното колено. За одење на горе не стануваше збор.
Спасувачката екипа не знаевме дали ќе дојде.Моравме пополека да го спуштиме во првиот висински логор.
Русите му ја имобилизираа ногата а вечерта моравме да останиме со Борче во првиот висински логор.
Утрото двајцата продолживме за вториот висински логор,поставен на 6100м. Времето беше сончево и топло, пријатно за одење.Напредувавме пополека:немавме главоболки без проблеми се искачивме до логорот.Следниот ден  тргнавме за третиот висински логор.Утрото беше убаво,со сонце без ветар.Како напредувавме нагоре,времето се влошуваше.Почна да дува силен ветар стигнавме до третиот висински логор  и шаторот го поставивме 200м подолу во еден кос сипар.Утрото кога се разбудивме времето беше чисто но со силен ветер се договоривме да почекаме да се смири ветрот па да продолжиме накај врвот од јадење имавме супи, чај, бисквити и суво месо.
Следниот ден времето беше исто, повторно дуваше над нас во третиот висински логор здогледавме двајца алпинисти ,се подготвуваа да одат нагоре. Ги следевме скоро два часа како одат.Се имаа искачено доста. За цело време Диме место не го држеше ми се обрати Ѓока одиме. За час бевме спремни понесовме малку храна и опрема и тргнавме нагоре. По неколку часа одење еден од двајцата алпинисти го стигнавме на висина од 7250м.Пријателот беше доста уморен и одеше бавно,  додека неговиот другар беше повисоко од него го прашавме дали можи да оди одговори потврдно дека можи. Продолживме понатаму.Пред самиот врв го стигнавме и другиот алпинист.Се најдовме во еден тесен гребен,кој одеше се до врвот.Се искачивме и над 7000м.Го освоивме највисокиот врв на Памир-Пик на Комунизам, висок 7495м. Врвот е широко место со камени плочи, каде што на одредени места има  мраз. Се одморивме, се јавивме по радио станица, се фотографиравме и се насладувавме во  прекрасниот панорамски поглед.Другарот од Австрија рече дека ќе се враќа.Ние останавме уште малку.По извесно време тргнавме назад.Го пронајдовме вториот Австсриски алпинист,кој преживуваше голема криза на висина на 7300м.Донего веќе имаше стигнато давајца алпинисти маж и жена од Унгарија разговараа со него на германски јазик и продолжија нагоре. Моравме да останиме со него и да му помогнеме со сиромашниот германски што го знаевме го прашавме дали сака да го врземе во наврска.Мавташе со рацете не сакаше да слушни за тоа.Во тој миг другарот што слегуваше од врвот се лизна и почна да се тркала .Се лизгаше околу стотина метри .
За среќа падината завршуваше со една мала рамнина. Диме веднаш се спушти до него за да му укаже помош.За среќа на само неколку метри од него почнуваше амбис на кој не му се гледаше крајот.Кога Унгарците видоа што се случува решија да се вратат назад и да побарат помош.Цела грижа и товар ни ја оставија нас.Радиостаницата ни откажа и не можевме да се јавиме во базниот логор.
Почна да дува силен ветер, да паѓа снег и да студи.Изнемоштените алпинисти  ги осигуравме со јажиња и пополека ги спуштавме надолу.Имавме само 40 метри јаже кое што го фиксиравме на цепинот и ги спуштавме алпинистите до крајот на јажето.Потоа неизменично моравме да се качуваме нагоре да го земеме цепинот и јажето.Беше многу тешко, напорно и мачно.Некаде околу 24часот седнавме да се одмориме и да се договориме што ќе правиме понатаму.За дванаесет часа се имавме спуштено само 300м. Во тој момент пристигна алпинист-спасител од страна на руската екипа.Диме и Русинот го зедоа едниот Австриец и го однесоа во третиот висински логор.Јас останав со другиот изнемоштен Австриец.Ја зедов ветровката и седнав да се одморам.Шатор немавме .Батеријата ми откажа. Изгазив една патека од 10м и почнав да цупкам по неа.Го кренав австриецот и со сила го терав да се движи заедно со мене.На секој половина час го масирав да не се смрзне.Ми беше многу студено за да не заспие му зборував "Но шлафен- капут". Истото и тој го повторуваше.Во еден момент стана и ме удре силно со цепинот по грбот човекот почна да халуцинира.Му го зедов цепинот и го фрлив. Ми побара сок од неговиот ранец.Му дадов се напи и се струпули наземи. Помислив најлошо почнав да го масирам да не замрзне вежбав,скокав, да не замрзнам и јас и онака уморен ме фати дремка .Да заспиеш на планина на толкава висина и студ значи сигурна смрт.
Австриецот цело време си зборуваше "Но шлафен-капут" како да му се врежаа тие зборови во главата.Во еден миг извика силно и за среќа, ме разбуди.Во спротивно не ми бегаше белата смрт.Се разбудив и почнав да се движам.Почуствував смрзнатини на нозете и рацете почнав да го масирам и него кој целиот беше укочен но сеуште дишеше. Почна да се разденува околу 10часот пристигна еден спасител кој го имаше испратено Диме тој остана со повредениот а јас продолжив кон висинскиот логор.,Три часа одев додека не пристигнав до третиот висински логор.Стигнав и во шаторот каде што ме чекаше Диме бевме многу радосни што сме повторно заедно.Вечерта тој и рускиот спасител доживеале вистинска драма со другиот Австриски алпинист. Во третиот висински логор пристигнале во 5 часот наутро.Спасителната служба веднаш му укажала неопходна помош.Диме ми имаше спремено топол чај и ме очекуваше цело време се напив чај и заспав.
Кога се разбудив левата нога веќе не ја чуствував ми се појавија црвени крукчиња на нозете почнавме да ја масираме ногата за да процилкулира крвта . Во шаторот на 6800м останавме цел ден. Вечерта нозете ми помодреа кога се разбудив утрото нозете веќе не ги осеќав ми потекоа и не можев да ги облечам чевлите.Диме ми ги позајми неговите чевли кои беа два броја поголеми ги извади подебелите чорапи тој остана со слабите и успеа некако да ги облечи моите чевли. Се спуштивме до вториот висински логор таму еден доктор ми ги дупеше со игла и не чуствував ништо.За тоа време другарите во базниот логор од другите екпедиции разбараа  за случајот и тргнаа да ни помогнат. Со Диме продолживме да се спуштаме надолу стигнавме до базниот логор каде што ме прегледа една докторка ме намачка со маст и ме преврза.Австриските алпинисти завршија со тешки замрзнатини на рацете, нозете, носот и веднаш беа префрлени со хеликоптер во Москва.Зедно со нив требаше да заминам и јас но јас не отидов. Во базниот логор останавме уште 5-6 дена а моето самоволие скапо ме кошташе. Кога се вративме во Македонија ми ги ампутираа прстите од левата нога а од десната дел од палецот.
Ѓорѓи остана уште 30 дена во болница му опадна имунитетот и доби хепатит се лекуваше подолго време.Со голема упорност се рехабилитира и се врати повторно да освојува врвови.
ПАМИР 84 (РУСИЈА)
Спасување на двајцата Австриски алпинисти

                Исказ на Ѓорѓи Костовски 
pamir_02
pamir_02
                  Диме и Ѓорѓи
            Диме и Ѓорѓи 
English