КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Copyright © 2008 by "Ilievski"  All Rights reserved  ·  E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com
 
 
БИОГРАФИЈА
На 10 мај 18.00ч. 1989 година Димитар Илиевски-Мурато го развиори Македонското знаме на 8848.метри високиот "Мт.Еверест" живееше за овај датум да го освои "Еверест",но истиот тој ден беше последен од неговиот живот  останувајки вечно во преградтките на величенствениот "Еверест".
Живееше кратко само 35 години а од тие три и пол децении поголемиот дел ги помина на планина во Пелистерските морени , во другарување со облаците и карпите.
Роден е во Битола на 21.09.1953 година во семејството на Јонче и Марика Илиевски
растеше со својата сестра Оливера и помалиот брат Кире а со другарите од своето детство Симе и Спасе  ги започна првите дружења со планината.
Основно образование завршува во основното училиште "Гоце Делчев" а во средното училиште "Таки Даскалот" го изучува авто механичарскиот занает.
Покрај планинарењето во 1966год. станува и активен член во џудо клубот "Пелистер"каде стигнува до кафеав појас.Сепак љубовта кон планината преовладува ги искачува највисоките врвови во Македонија: Пелистер,
Кајмакчалан,ТитовВрв,Кораб,поради немање на финансиски средства Диме и Симе кои нагалено ги нарекуваа Пикси и Дикси работеа во Југосуровина -отпад и со парите што ги заработуваа ги искачуваа највисоките планини во тогашна Југославија:Триглав, Шкрлатица,Маглиќ, Копаоник и др.  
Од тогашниот Планинарски сојуз на Југославија му беше доделено признание за совладување на Југословенската трансверзала, освојувајќи по два врва од секоја република и два врва од секоја од тогашните покраини . Во Планинарското друштво "Пелистер" се зачлени во 1968 год.по две години подоцна се натпреваруваше во орентационите натпревари што ги организираше планинарското друштво и планинарскиот сојуз на Македонија.во 1972 год.го завршува курсот за горски спасители, со алпинизам се занимава од 1975 год. каде што и добива звање алпинист-инструктор.
По враќањето од отслужување на воениот рок  се вработува како автомеханичар во "Транскоп"  а подоцна се вработува на предавателниот пункт Пелистер на 2601м.
Со својата сопруга Елпида имат две деца Јонче и помалиот Сашо.
Годините што следеа Диме заедно со неколкумина ентузијасти иако млади покренуваат акции со кои ја заживуваат прилично замрената алпинистичка секција во планинарското друштво Пелистер, и тогаш ги прават првите искачувања на планини повисоки од 3000м.
Се до освојувањето на Мт.Еверест Диме има искачено повеќе врвови во Македонија
планинарски и алпинистичи искачувања: Кораб, Пелистер ,Титов врв , Кајмакчалан, Љуботен, Солунска глава, и други индивидуални искачувања.
На бившите Југословенски простори исто така ги има искачено највисоките врвови:
Триглав, Шкрлатица, Јаловец, Радуха, Комови, Маглиќ, Зелена глава, Велебит, Џеровица, Проклетие, Трем-Сува планина и други.
Олимп (Грција), Вихрен(Бугарија), Мусала,Маљовица (Бугарија).
Доломити,Мармолада (Италија) 3343м. 25.07.1979 Монт Блан 4808м.
Матерхорн прв обид поради временските услови искачени 4000м. 14.08.1981 Матерхорн искачени успешно 4478м. Монте Роса 4634м (Повторно на Монт Блан 20.08.1981год.) Дуршфиц 4634м. Глоклокнер 3798м.
Со офoрмувањето на Македонската  хималајска алпинистичка експедиција како врвен алпинист е стандарден член на сите екпедиции:
"Анди 82"  Подготовки за искачување на "Аконкагва"(6962м) но поради нападот на Англија на Фокландските острови искачен е источниот гребен на "Хаускаран" 6768м.
"Памир 84" Врв на комунизмот (Русија) 7495м.на ова искачување Диме и Ѓорѓи Костовски спасија дваца автриски алпинисти од сигурна смрт при ова спасување на Ѓорѓи му беа ампутирани прстите на едната нога.
"Манаслу 86" поради лошото време кое траеше со недели беа постигнати 7600м.
Борче Јовчевски и Диме беа заглавени на оваа висина чекајќи поволни временски услови, за искачување на врвот.
"Еверест 89" на врвот се искачија: Димитар Илиевски, Стипе Божиќ, Виктор грошељ, и шерпасите Сонам и Аџива.
На полето на алпинизмот е добитник на повеќе награди и признанија:

- Награда "4 ти Ноевмври" ден на ослободувањето на Битола
- Златни значки на Планинарскиот сојуз на Македонија за 1980,1982, и 1984год.
- "Орден за засуги за народ со сребрена ѕвезда" за 1984год.
- "Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда" за 1989год.
- "Спортист на Македонија" за 1989год.
- Награда "25 ти мај" 1989год.
- "Спортист на годината" на град Битола за 1984 и 1989год.
- Награда на весникот "Нова Македонија"  1989год.
- “Признание за учество во експедицијата Еверест 89 од град Скопје“
- “Спортски великан на Македонскиот олимписки комитет 1989год.“
- "Награда 11 ти Октомври" 1990год.
-  "Признание за Подвиг на векот"  Општина Битола
-  Спортист на годината и на векот од весникот "Скок"
- Златна плакета "Спортист на столетието" Сојуз на спортови град Битола 1999год.
- "Медал за заслуги за Македонија" 2008год.
legitimacija
sportist na makedonija 1989god. posmrtno
orden za zaslugi za narod so srebrena svezda
orden za zaslugi za narod so zlatna svezda.
1990god. nagrada 11oktomvri
English