КОГА СОНОТ ЌЕ СТАНЕ СТВАРНОСТ
ПЕЛИСТЕР - МОНТ ЕВЕРЕСТ
ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО
Димитар Илиевски -Мурато
1953 - 1989
Copyright © 2008 by "Ilievski"  All Rights reserved  ·  E-Mail: kontakt@dimitarilievski-murato.com
 
Меморијален марш
Секоја година почнувајќи
од 1990 година кога се
одржа првиот меморијален
марш во чест на Димитар
Илиевски по иницијатива
на планинарите и неговите
другари истиот меморијален
марш трае веќе 19 години.
                                     повеќе...
Од Пелистер до Еверест
Во 2001 година во Битола беше
промовирана книгата
"Од Пелистер до
Еверест
" од  Илчо Белџигеровски и
стручни соработници:Благојче Лазаров
и Ѓорѓи Костовски испечатена е во
тираж од 1000 примероци со биогравска
содржина за Димитар Илиевски.
                                                        повеќе...

Како член на "МАХЕ Еверест 89" (Македонска хималајска алпинистичка експедиција)  на 10-ти мај 1989 година се искачи на највисокиот врв на светот Мт.Еверест и стана првиот  Македонец што го развеа Македонското знаме на врвот на светот, Монт Еверест 8.848 метри.За жал при враќањето од врвот не успеа да се врати во последниот висински логор и засекогаш остана на падините на Еверест. Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици.
Во годините кои изминаа постхумно му се доделени повеќе награди и признаниа а за негов спомен одржани се повеќе настани.
 
Медал за заслуги за Македонија
На 03.03.2008 година во кристалната сала
на Собранието на Р.Македонија Претседателот
на Р.Македонија Бранко Црвенковски му додели
високи одликувања на Димитар Илиевски
(посхумно) и на вториот освојувач на М. Еверест
Глигор Делев.                                        повеќе...
                                                                  
Великан на Македонскиот олимписки комитет
Поради големината на спортскиот подвиг "Македонскиот олимписки комитет" во 1998година го прогласи Димитар Илиевски за великан на "Македонскиот олимписки комитет".
Членувањето во "Клубот на великаните" на МОК претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја.                                          повеќе...
19 Меморијален марш
Од 09-11.мај 2008 година во организација на “ПСК Пелистер“  се одржа “19-тиот меморијален марш Димитар Илиевски-Муратот”.
Учество на маршот зедоа планинари од цела Македонија и планинари од соседните држави: Србија, Словенија,Бугарија и Хрватска.На маршот имаше околу 500 планинари, а на врвот на Пелистер се искачија околу 350 планинари.
Пред планинарскиот дом “Копанки“ организаторот на учесниците му додели признанија на најмладиот планинар 7 годишниот Томислав Василев и најстариот 74 годинини,
од ПД “Тетекс“ од Тетово и на други организации и друштва кои го помогнаа
одржувањето на меморијалниот марш, кој од година во година зазема се поголема масовност и учество на планинари од други земји. 
                                                                 
LEPENKA MEMORIJAL NOVA
 
English